Влаховиќ му кажал НЕ на Мурињо и на 12 милиони евра по сезона, Србинот има други планови

by bojan
1 минути читање
Влаховиќ

Медиумите од Италија пренесуваат дека Душан Влаховиќ одбил да му се придружи на Жозе Мурињо во Фенербахче, напаѓачот сака да ја продолжи кариерата во Премиерлигата.

Душан Влаховиќ против Каљари се врати во стартниот состав на Јувентус и постигна гол со кој „старата дама“ стигна до три важни бода во трката за топ 4 пласман и местата кои водат во Лигата на шампиони.

Но и покрај тоа, се почесто се говори дека Србинот нема иднина во Јувентус и се очекува летоска да го напушти клубот.

Преговорите за нов договор тапкаат во место, Душан Влаховиќ и неговите агенти не го прифаќаат предлогот на спортскиот директор Кристијано Џинтоли за плата од 8-9 милиони евра (во моментов напаѓачот заработува 12 милиони евра по сезона) и соработка до 2030 година.

Како што пренесува Тутоспорт, Фенербахче му понудил на Душан Влаховиќ примања од по 12 милиони евра по сезона, но Србинот го одбил Жозе Мурињо.

Напаѓачот сонува за настап во Премиерлигата, и чека понуди од гигантите од „островото“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани