Според последните најави српскиот напаѓач Душан Влаховиќ ќе го напушти Јувентус на лето.
Со доаѓањето на Коло Муани, Влаховиќ го изгуби местото стартер кај ијаго Мота и ако Јувентус го откупи неговиот договор, тогаш тој би требало да биде прв избор на италијанскиот стратег наредната сезона.
Од друга страна кога е Влаховиќ во прашање летото ќе биде последна шанса за клубот од Торино да заработи од неговото заминување бидејќи договорот му истекува во 2026 година. Турскиот портал „Хуриет“ пренесува дека помеѓу клубовите кои е заинтересирани за Влаховиќ е и Фенербахче.
Наводно, Жозе Мурињо би сакал да го види Влаховиќ и спрмени да се понудат околу 30 милиони евра.
Во Фенербахче, Влаховиќ би можел да биде замена за Един Џеко на кого договорот му истекува на крајот од сезоната.