Влаховиќ е минато, Милан тргнува по напаѓач од Премиер лигата

by Стефан
1 минути читање

Душан Влаховиќ беше на чекор до преселба во Милан, но како што стојат работите сега, српскиот напаѓач најверојатно нема да го облече дресот на седумкратниот европски шампион. Според најновите информации од Италија, „росонерите“ се повлекле од преговорите со Јувентус и фокусот го пренасочиле кон доведување на Расмус Хојлунд.

Манчестер јунајтед првично побарал 40 милиони евра за трансферот на данскиот голгетер, но поради сè поизвесното доаѓање на Шешко во редовите на „црвените ѓаволи“, англискиот гигант наводно е подготвен да ја намали цената.

Милан размислува прво да го доведе Хојлунд на позајмица, со опција за откуп на договорот на крајот од сезоната. Дополнителна предност за „росонерите“ е и тоа што Данецот е подготвен да прифати годишна плата од шест милиони евра, што е двојно помалку од сумата што ја бара Влаховиќ.

Токму поради ова, Милан ги стопирал сите разговори со Јувентус и целосно се насочил кон ангажман на Хојлунд. Напаѓачот нема ништо против да се врати во Серија А, каде што веќе настапуваше за Аталанта пред трансферот во Премиер лигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×