Во овие моменти во Италија во центарот на вниманието е аферата со обложување откако Обвинителството во Милано отвори истрага против нови десет фудбалери кои се обвинети дека се обложувале на нелегални платформи.
Истрагата започна по прегледувањето на телефоните и изјавите на Сандро Тонали и Николо Фаџоли кои веќе беа санкционирани и си ги издржаа своите казни.
Во документацијата се најде и името на Душан Влаховиќ, меѓутоа српскиот фудбалер е единствен помеѓу неговите колеги против кого не се води истрага.
Имено, фудбалерите нелегалното обложување наводно го извршувале во златарницата „Елисиум“ преку која се одвивале работите. Влаховиќ бил единствениот фудбалер кој во оваа златарница доаѓал да купува часовници. Српскиот фудбалер купил четири часовници на кои потрошил 100.000 евра.
Алесандро Флоренци, Матија Перин, Вестон Мекени, Николо Заниоло, Леандро Паредес, Анхел Ди Марија, Раул Беланова, Самуеле Ричи, Матео Канселери, Кристијан Буанито и Жуниор Фирпо се фудбалерите кои би можеле да се соочат со проблеми.