249
Македонскиот клуб Вардар ги стартува подготовкитте за втората полусезона со многу измени во ростерот.
Многумина заминаа од клубот, а уште еден од ветераните е слободен да си бара клуб. Се работи за Владица Брдаровски кој од 2023 е во Вардар, а и претходно од 2015 до 2020 година ги бранеше црвено-црните бои.
Брдаровски не е во плановите на Гоце Седлоски, па нему му е дозволено да си бара нова средина. Тој нема да патува со тимот на подготовките во Анталија и ќе го искористи тоа време да си пронадје нов клуб.
Освен Брдаровски слична е судбината и за капитенот Дарко Мицевски кој е слободен да си најде нов тим.