Фудбалерот од
средниот ред во јануари 2017 беше на чекор до преселба во Јувентус но потоа
доби богата понуда од Кина. Самиот играч си призна дека не може да го одбие
предлогот, па замина на печалба на Далечниот Исток.
И покрај тоа што
доби четиригодишен договор од Тијанџин Кванџијан, Аксел Витсел реши предвреме
да и стави крај на авантурата во Кина. Побогат за 30 милиони евра по само 18
месеци, Белгијанецот се враќа во Европа.
Како што
пренесува државната телевизија РТБФ, Аксел Витсел вчера ги поминал редовните
лекарски прегледи со Борусија Дортмунд и наскоро ќе стане ново засилување на
„Милионерите“.
За услугите на
Аксел Витсел, клуот од Сигнал Идуна Парк ќе плати 20 милиони евра.