Агентот Андре Кури открива дека Витор Роке не бил убеден дека враќање во Бразил е правиот потег за неговата кариера, но го променил мислењето кога ја слушнал приказната за Кеирисон и Барселона.
„Каталонците“ во јануари 2024 го купија Витор Роке во зделка вредна 30 милиони евра, плус додатни 30 милиони евра во бонуси.
Бразилецот пристигна на Камп Ноу како голем талент, но не се снајде во тактиката на Чави, па имаше ограничена минутажа.
Ниту доаѓањето на Ханси Флик не го промени неговиот статус, па напаѓачот во август 2024 беше испратен на позајмица во Бетис.
Сепак, тој не се задржа долго на „Виљамарин“ и минатиот месец беше продаден на Палмеирас во трансфер вреден 25,5 милиони евра плус бонуси.
Агентот Андре Кури сега открива дека Виктор Роке не сакал да се врати во Бразил, но се предомислил кога ја слушнал приказната за Кеирисон и Барселона.
„Во прв момент не сакаше да се врати во Бразил, веќе играше во Европа. Но потоа му ја раскажав приказната со Кеирисон… како европски гигант го купува играчот но нема место за него во првиот тим и почнува да го позајмува на други клубови“ – вели Андре Кури.
Кеирисон во 2009 направи трансфер во Барселона вреден 14 милиони евра, плус уште неколку милиони во бонуси, но не одигра ниту една минута во дресот на „каталонците“ и постојано беше испраќан на позајмици, па никогаш не блесна, не ги исполни очекувањата и наместо нова ѕвезда, на крајот испадна големо промашување.