Висар Муслиу е првото засилување на Вардар за идната сезона. Тој кариерата ја почна во Гостивар од каде потпиша за Ранова, имаше кратка авантура во Сент Гален по што се врати во Ренова и од следната сезона ќе го носи црвено-црниот дрес.
„Многу сум среќен што ќе бидам дел од Вардар. Дојдов тука да освојувам титули и да играм во Лигата на шампионите. Јас ќе дадам се од себе да се наметнам, да ја оправдам довербата на стручниот штаб и на раководството на клубот. Се надевам дека со добри игри ќе придонесам тимот да освојува уште шампионски и Куп пехари, и да бележи успеси во Европа“, рече Муслиу за официјалната страна на Вардар.
„Познавам многумина играчи во Вардар, ми кажаа многу убави зборови за клубот, дека се работи на максимално професионално ниво и дека од година во година амбициите се сè поголеми. Се радувам на овој предизвик, и сега на мене е со напорна работа да се докажувам и да напредувам во овој клуб“.