Вироза ја погоди репрезентацијата на Франција, но повеќе загрижува ситуацијата на Мбапе

by bojan
1 минути читање
Мбапе

Тимот на „Триколорите“ бил погоден од вироза непосредно пред почетокот на Европското првенство, но Французите повеќе ги загрижува ситуацијата на Килијан Мбапе, кој вчера повторно не тренираше.

Проблеми во таборот на Франција на три дена пред натпреварот со Австрија во воведното коло на Европското првенство.

Кампот на „триколорите“ бил погоден од вироза, на проблеми се пожалиле голем дел од фудбалерите и стручниот штаб, меѓу нив е и селекторот Дидје Дешам, а најлошо поминал Кингсли Коман.

Главните симптоми се воспаление на горните дишни патишта, грчеви во стомакот и главоболки.

Но Французите повеќе ги загрижува ситуацијата на Килијан Мбапе, кој вчера повторно не тренираше.

Напаѓачот на подготовките се пожалил на болки во грбот, а потоа го пропушти контролниот натпревар против Канада откако доби силен удар во левото колено. Се верува дека синоќа тој одмарал само превентивно, но останува да се види дали ќе биде подготвен на највисоко ниво за интензитетот кој го носи играњето на секои четири дена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани