Вирц бил на средба со Манчестер Сити, па имал таен состанок со уште еден гигант од Премиерлигата

by bojan
1 минути читање

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц синоќа имал состанок со Манчестер Сити, но престојот во Англија го искористил и за тајни преговори со Ливерпул.

Флоријан Вирц се најавува како една од трансфер бомбите кои ќе се случат летоска, сериозен интерес за неговите услуги пројавуваат Реал Мадрид, Баерн Минхен и Манчестер Сити.

Фудбалерот, во придружба на својот татко, синоќа бил во Манчестер на средба со „граѓаните“, кои го имаат идентификувано како замена за Кевин де Брајне.

Но како што пренесува новинарот Кристијан Фалк, ова патување на „островото“ било искористено и за тајна средба со Ливерпул.

Останува да се види кој на крајот ќе ја доби битката за потписот на Германецот, едно е јасно, Баер Леверкузен трие раце и се надева дека големиот интерес ќе помогне тие да ја добијат бараната цена од 150 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×