Виралниот навивач на Манчестер јунајтед, нападнат на Олд Трафорд! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Навивачот на Манчестер јунајтед, Френк Илет, кој стана вирален на социјалните мрежи откако вети дека нема да се шиша додека неговиот тим не врзе пет победи по ред, во саботата беше нападнат на Олд Трафорд од друг фан.

Илет на социјалните мрежи почна предизвик во кој рече дека нема да се шиша додека Јунајтед не врзе пет побди. Како одминуваше времето тој стануваше се пославен, наскоро ќе помине една година од предизвикот, а крајот не се гледа.

Во саботата на мечот меѓу Манчестер јунајтед и Челси се случи инцидент во ходникот од Олд Трафорд. На Илет му пријде друг навивач, го грабна за коса и почна да го кубе, реагираа и другите фанови, па спречија посериозна сцена. Напаѓачот продолжи со вербални напади.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×