Винисиус тоа што го бара, Реал Мадрид не му го дава – ќе се случи ли разделба!?

by riste
1 минути читање

Шпанските медиуми објавуваат дека Реал Мадрид и Винисиус Жуниор не можат да постигнат согласност за продолжување на соработката.

Барањата за плата кои ги има фудбалерот се превисоки за она што му го нуди клубот.

Реал Мадрид нема намера да му ја даде платата на Винисиус која тој ја посакува, а фудбалерот со формата во која се наоѓа веќе не изгледа како играч кој би бил задржан по секоја цена.

Перформансите на Винисиус на Светското клупско првенство беа разочарувачки, тој беше една од ѕвездите во кои беше вперен прстот.

Проблем во Реал Мадрид е егото кое го имаат одредени фудбалери, а еден од нив без сомнение е и Винисиус.

Нема да биде чудно доколку Реал Мадрид се одлучи наместо да му даде нов договор, да го продаде бразилскиот фудбалер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×