Медиумите од Шпанија откриваат детали од еден тензичен момент на дербито помеѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид во кој главни актери беа домашниот капитен Коке и првата ѕвезда на гостите, Винисиус Жуниор.
Градското дерби на Мадрид донесе голема борба, провокации, прекин и доста тензични моменти.
Во една таква ситуација беа инволвирани капитенот на Атлетико, Коке и првата ѕвезда на Реал, Винисис Жуниор.
Се започна по еден дуел помеѓу Винисиус Жуниор и Ле Норман, по кој Бразилецот падна во шеснаесетникот и бараше пенал.
Коке веднаш му пријде со замерки да престане да глуми, па напаѓачот на „кралевите“ реагираше бурно.
„Јас имам две титули во Лигата на шампиони, ти немаш ниту една, ниту една!“ – била пораката која Винисиус Жуниор ја испратил до Коке, кој пак одговара со ироничен аплауз.
Бразилецот продолжува со своите провокации и дофрла: „Изгуби две финалиња, а јас освоив две титули. Секако, изгуби бидејќи се лош фудбалер. Затоа јас играм во Реал“
Коке и на овие зборови одговори само со ироничен аплауз.
Vinicius to Koke after he tried to start on him:
— TC (@totalcristiano) September 30, 2024
“I have two Champions League, you… nothing.”
pic.twitter.com/Px3R6xYieX