Големиот
фудбалски талент за кого очигледно многу ќе се зборува во иднина, Винисиус
Жуниор дебитираше за вториот тим на Реал Мадрид кој со 2-0 беше подобар од
вториот тим на Лас Палмас.
Винисиус не
постигна гол на тој меч, но разликата во квалитетот помеѓу него и противниците
на теренот беше огромна, па така Бразилецот доби и убава можност да покаже дел
од својот репертоар на финти со кои располага, а веќе ги „запали“ навивачите на
Кралскиот клуб со една финта во бразилски стил…
Шефот на
стручниот штаб на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги истакна дека младиот Бразилец ќе
треба дополнително да се развива пред да добие адекватна прилика за докажување
во првиот состав, а барем засега, тоа му тргна добро…