Бразилецот Винисиус Жуниор предизвика вистински скандал во натпреварот помеѓу Валенсија и Реал Мадрид на„Месталја“ откако го нападна македонскиот чувар на мрежата Столе Димитриевски.
Винисиус го удри Димитриевски, а судијата по прегледувањето на снимката му покажа директен црвен картон.
Фудбалерот на Реал Мадрид за овој потег нема да помине само со стандардната суспензија за црвен картон, туку го чека и поголема казна.
Ако се следи правилникот на Фудбалската федерација на Шпанија Винисиус може да добие суспензија и од 12 натпревари.
„Дисциплинскиот правилник на фудбалскиот сојуз, член 104 за агресивно однесување на фудбалер се казнува со од четири до 12 натпревари“, објавија медиумите во Шпанија.
Vinicius Jr:
— Footy Humour (@FootyHumour) January 3, 2025
“I just want to play football.”
pic.twitter.com/3iqOW7oysM