Винисиус: Реал не се плаши од Меси

by
1 минути читање

Утревечер ќе
проследиме ново Ел Класико, повторно како и последниот пат, во рамките на
полуфиналната рунда од Копа дел Реј, откако во првата пресметка на Камп Ноу
немаше победник (1-1), сега Реал Мадрид пред своја публика ќе има можност да
дојде до место во финалето.

Фудбалерот од
редовите на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор тврди дека неговата екипа воопшто не
стравува од првата ѕвезда на Каталонците, Лионел Меси, од кого сигурно ќе доаѓа
најголемата опасност кон голот на домаќинот.

Меси е
неверојатен, тој може да направи чуда со топката, нешто што никој друг не го
може, но, ние воопшто не стравуваме од него
“ напиша Бразилецот на социјалните
мрежи.

Ние сме
подготвени за сите предизвици пред нас, тоа е така бидејќи ги имаме најдобрите
фудбалери во светот
“ додаде тој.

Во втората
полуфинална пресметка Валенсија го пречекува Бетис откако во првиот меч помеѓу
овие две екипи резултатот беше израмнет (2-2).

Можно е и ова да ти се допаѓа

×