Винисиус против Севиља ги загубил нервите: Што да правам…ова е само прва акција

by Стефан
1 минути читање

Реал Мадрид викендов запиша сигурна победа над Севиља од 2-0 во натпреварот од 18. коло во Примера, но и покрај трите бода, фокусот по средбата беше насочен кон Винисиус Жуниор.

Шпанските медиуми пренесуваат дека дел од навивачите се незадоволни од однесувањето на бразилскиот напаѓач во периодот кога „кралевите“ бележеа послаби резултати. Реал во меѓувреме го загуби лидерското место во Ла Лига, а во јавноста се појавија и информации дека Винисиус бил еден од предводниците на незадоволството во соблекувалната против тренерот Алонсо.

На дуелот со Севиља, навивачите јасно го искажаа својот став, испраќајќи свирежи кон Винисиус уште од првите минути, кои траеја сè до 83. минута, кога беше заменет од Гонзало Гарсија.

Во еден момент, телевизиските камери го уловија и неговото разочарување, а експертите за читање од усни открија што изговорил.

„Што да правам? Ова е прва акција на натпреварот….по ѓаволите“.

Винисиус веќе седум години е дел од Реал Мадрид, а досега има одиграно 346 натпревари, на кои постигна 111 погодоци и забележа 91 асистенција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×