Винисиус по стапките на Нејмар, младата ѕвезда на Реал се караше со капитенот кој да изведе слободен удар (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Реал Мадрид уште
пред неколку години го пазари Винисиус Жуниор и за тогаш 16 годишно момче одвои
45 милиони евра. Бразилецот се најавува како новиот Нејмар, па Флорентино Перез
не сакаше ништо да ризикува и со астрономска понуда го украде од пред носот на Барселона.

Венисиус Жуниор
ова лето пристигна на Сантијаго Бернабеу откако наполни 18 години, но неговата
авантура не оди според планот. Тој во моментов не е во комбинација за првиот
тим и настапува за резервите кои се натпреваруваат во третата лига на Шпанија.

Токму изминатиов
викенд на меч со Реал Мадрид Кастиља, Винисиус Жуниор покажа дека знае да
го копира Нејамр во една работа, напаѓачот се караше со капитенот Хави
Санчез кој да шутира од слободен удар.

Слично како
натегањето на Нејмар и Кавани во ПСЖ, Винисиус ја грабна топката и не дозволи
соиграчот да го изведе прекинот. За негова среќа тој постигна гол, па
недоразбирањата за кратко време беа заборавени и давајцата играчи прославија со
прегратка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×