Винисиус не е толку „лошо момче“, Бразилецот воодушевил со потегот кон неговиот соиграч

by Стефан
1 минути читање

Реал Мадрид вчера оствари минимална победа од 1:0 против Реал Сосиедад во првиот натпревар од „Копа дел Реј“, а одлучувачки се покажа голот на младиот бразилски напаѓач Ендрик.

Ендрике постигна гол во 19 минута на асистенција на Џуд Белингам, но вниманието го привлече и Винисиус поради неговата активност надвор од терените.

Често пати Бразилецот во медиумите добиваше критики за своето однесување, но сега се покажал како одличен пријател и соиграч.

Имено, Ендрик поминувал низ тежок период поради недостатокот на минутажа, а Винисиус во тие моменти бил тука до него да му пружи поддршка. Освен тоа, тој се поставил како вистински ментор кон Ендрик и поминувал многу повеќе време со него. Сето тоа резултирало со зголемување на самодовербата кај Ендрик кој му се заблагодарил и го сметал за постар брат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани