Винисиус јавно ја моли девојката и бара прошка, испраќал голи фотографии на манекенка (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, кој во овој момент е на репрезентативни обврски со Бразил, преку Инстаграм испрати јавно извинување до инфлуенсерката и ТВ водителка Вирџинија Фонсека, со која до неодамна беше во љубовна врска.

Фонсека во последните месеци престојуваше во Мадрид и беше забележана на трибините на „Сантијаго Бернабеу“, но нивната врска завршила поради скандал на социјалните мрежи. Според бразилските медиуми, Винисиус наводно побарал од манекенката Ана Силва да му испрати експлицитни видеа, откако претходно и самиот испраќал.

Во својата објава на Инстаграм, Винисиус ја призна грешката и ѝ се извини на Фонсека:

„Сите поминуваме низ моменти кои не тераат да размислуваме и да растеме. Неодамна доживеав ситуација која ме натера да сфатам дека сум имал постапки кои не ја претставуваат личноста каква што сакам да бидам.. Вирџинија е неверојатна жена, прекрасна мајка и личност кон која имам огромна почит и наклонетост. Иако не бевме официјално пар, постоеше искрена поврзаност. Не се срамам да признаам дека бев невнимателен, дека не реагирав на најдобар начин и дека ја разочарав.

Затоа сакам јавно да ѝ се извинам, искрено и од срце. Сфатив дека вистинска врска може да постои само со почит, доверба и транспарентност. Моја желба е да започнеме одново, без лаги, без расправии, без маски, туку со многу љубов, внимание и почит“, напиша Бразилецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×