Винисиус им се извини на бразилските фанови и објасни зошто не игра како во Европа

by riste
1 минути читање

Бразил загуби од Парагвај во осмото коло од квалификациите за Светското првенство, а многумина прстот го вперија и во Винисиус кој не покажува игри како во Реал Мадрид.

По осум одиграни меча Бразил има само три победи и дури четири порази, се наоѓа на петтото место на табелата во јужноамериканските квалификации.

Винисиус се обиде да се оправда, го обвини теренот, но и им се извини на Бразилците.

„Натпреварите во Европа се побрзи отколку тука. Топката пристигнува побрзо поради теренот, ние треба да се адаптираме за да играме најдобро што можеме за да ги добиваме натпреварите“, вели Винисиус.

„Сакам да побарам прошка од вановите. Знам дека ова е комплициран момент, но ќе се вратиме“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани