Винисиус и Ендрик се смееја на клупата по голот на Талавера за 2-3 (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Шпанија објавија снимка со скандалозно однесување на ѕвездите на Реал Мадрид на клупата, Винисиус, Ендрик, Мастантуоно и Ѓулер се смееја по голот на Талавера за 2-3.

Реал Мадрид во средата гостуваше кај третолигашот Талавера во Копа дел Реј, Чаби Алонсо на терен испрати силен состав, но „кралевите“ прилично се мачеа и победија со 2-3.

Со Чаби Алонсо на клупата не штимаат многу работи, а медиумите од Шпанија денеска објавија снимка со скандалозно однесување на ѕвездите.

Во финишот од мечот, Чаби Алонсо нервозно цупкаше на клупата, а Винисиус, Ендрик, Мастантуоно и Ѓулер се смееја по голот на Талавера за 2-3.

И додека пристигнуваат критики од сите страни за ваквото однесување, тренерот се обиде да ја бутне работата под тепих.

„Не сум ги видел снимките, најважно е тоа што успеавме да победиме и сега се фокусираме на мечот со Севиља“ – вели Чаби Алонсо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×