1,1K
Бразил ноќеска со гол на Винисиус во 99. минута ја победи Колумбија со 2-1, ова беше важен триумф за Бразилците во квалификациите за СП.
На Браизл не му оди најдобро во квалификациите, па трите бода против Колумбија беа многу важни, а важни се и за самодоверба пред дербито со Аргентина.
Победничкиот гол го постигна Винисиус и тоа во судиското продолжение од мечот, тој беше прогласен и за играч на натпреварот.
„Мислам дека го заслужив овој гол за се што работев“, рече Винисиус по мечот.
„Му должам многу на националниот тим за се што направи за мене, и за сето тоа што го прават моите соиграчи за мене секој ден“.
„Многу сум среќен и сакам да ги гледам Бразилците среќни“.