Според последните информации од Шпанија, Бразилецот, Винисус Жуниор одлучил да ги стопира преговорите со Реал Мадрид з нов договор.
Како што се наведува, Винисиус бара повеќе пари за да стави потпис на нова соработка.
„Кралевте“ му нудат зголемување на платата на окол 20 милиони евра, меѓутоа тој барал повеќе. Наводно, негова желба е да се израмни со Килијан Мбапе кој има плата нешто повеќе о 30 милиони евра годишно.
„Винисиус нема да преговара со Реал Мадрид за нов договор се до завршувањето на Мундијалот“, пишуваат „АС“.
Инаку, во последно време и односите помеѓу Винисиус и Реал не се најдобри, посебно тоа можеше да се види во последното „Ел Класико“ кога покажа незаадоволство поради одлуката на Алонсо да го замени.