Поранешниот селектор на Бразил и тренер на Реал Мадрид, Вандерлеи Луксембурго вели дека Винисиус Жуниор е провокатор и самиот е виновен за одредени работи кои му се случуваат.
Пред две недели, Франс Фудбал ги избираше најдобрите во фудбалот и популарната „Златна топка“ заврши во рацете на Родри.
Изборот покрена голема дебата, многумина сметаа дека Винисиус Жуниор е тој кој требал да ја добие оваа престижна индивидуална награда.
Потоа беа понудени неколку причини зошто Бразилецот не ја добил „Златната топка“, а една од теориите беше дека Винисиус Жуниор извисил поради неговата битка со расизмот.
Сепак, со ова не се случува легендарниот Вандерлеи Луксембурго, кој упати критика на адреса на својот сонародник.
„Мислам дека Винисиус провоцира и прави многу работи кои во основа не треба да ги прави. Не, нема никаква врска со расизам“ – вели поранешниот селектор на Бразил и тренер на Реал Мадрид.
„Не знам дали ја паметите ситуацијата со Кимих, кога Германецот ја зема топката и му ја дава на Вини, а овој ја пушта да падне на земја. Кимих повторно ја зема топката и му ја дава на Вини, но овој повторно ја пушта да падне на земја и почнува да се расправа. Видете, не треба да одиме далеку, како соиграч го има Модриќ, и кога противникот му ја дава топката во раце, тој изведува аут“.
Vinicius reventó a Kimmich en el campo… y también fuera de élpic.twitter.com/RRfGnhy3NO
— Madrid Sports (@MadridSports_) May 9, 2024
Луксембурго потоа додава: „Ќе го удрат и Вини веднаш станува и тргнува да се пресметува со противникот. Па замислете само колку пати бил удрен Пеле, колку само „јадел ќотек“ од противниците, или пак колку само го удирале Зико. Кога ќе го удрат, тој толку многу се иритира како да го прогонуваат поради тоа што има црна боја на кожата“.