Винисиус даде фантастичен гол, па предизвика хаос и доби раститички навреди! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Во Лисабон се случи скандал во режија на Винисиус, фудбалерот на Реал Мадрид даде прекрасен гол, но потоа предизвика хаос на теренот и прекин кој траеше повеќе минути.

Кога го даде голот, со танц пред корнер знаменцето на кое беше логото на Бенфика ги испровоцира навивачите кои почнаа да фрлаат разни предмети кон него. Дојдоа и фудбалерите на двете екипи по што настана голема мешаница.

Престијани со дресот ги покри усните и расистички го навреди Винисиус. Веројатно му рече „мајмун“, по што фудбалерот на Реал Мадрид го кажа на судијата и некое време не сакаше игра, седна и на клупата за резерви.

Но, откако се оладија главите по извесен период мечот продолжи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×