Поранешниот фудбалер и директор на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ го предупреди Винисиус Жуниор дека ќе продолжи да дреме на клупа доколку не покажа желба и мотивација на тренинзите.
Чаби Алонсо реши да го остави Винисиус Жуниор на клупа за синоќешната пресметка со Марсеј во Лигата на шампиони, потег кој покрена голема дебата во Шпанија.
Свое видување даде и Предраг Мијатовиќ, кој вели дека не е изненаден од сето ова.
„Ја познавам филозофијата и методологијата на Чаби Алонсо и не сум изненаден од тоа што Винисиус Жуниор се најде на клупа. Тој сака да ги држи сите играчи „во живот“, со минутажа соодветно распределена на секој натпревар, и во Ла Лига и Лигата на шампиони“ – вели поранешниот фудбалер и директор на Реал Мадрид.
Тој потоа предупреди: „Чаби Алонсо без проблем ќе го седне секого на клупа… очигледно против Марсеј беше редот на Винисиус“.
„Доколку не тренирате доволно добро, доколку не покажувате мотивација и се фрустрирате поради тоа што не сте во стартниот тим… тогаш нема да играте“.
„Но се зависи од Винисиус Жуниор, ако притиска доволно силно, ќе игра. Доколку не го први тоа, некој друг ќе игра“.