490
Винициус Жуниор ја доби наградата за најдобар фудбалер во изборот на „Глоуб Сокер Авордс“.
Бразилската ѕвезда ја победи конкуренцијата, па откако остана без „Златната топка“ сега доби неколку утешни награди. На свеченото доделување во Дубаи тој ја имаше честа да биде избран за најдобар, победувајќи го соиграчот Џуд Белингем.
„Глоуб Сокер“ доделија многу признанија и оваа година. Наградени беа Кристијано Роналдо, Џуд Белингем, Ламин Јамал, Карло Анчелоти, Жорге Мендеш, а признание доби и Реал Мадрид.
Кај дамите најдобра беше Аитана Бонмати, а Барселона најдобар клуб. Признанија имаше и за Дел Пиеро, Нејмар, Куртоа…