Винициус: Ми изгледаше невозможно, растев во сиромаштија – а сега сум тука!

by 24 фудбал
1 минути читање

Винициус Жуниор беше прогласен за фудбалер на годината во изборот на „Д Бест“ кој го организира ФИФА.

Бразилецот доби „утешна награда“ откако остана без „Златната топка“ на сметка на Родри. На доделувањето тој имаше свое кратко обраќање во кое го изнесе своето мислење.

Ми изгледаше дека е невозможно да дојдам до оваа сцена. Стигнав од мало место, растев близу до зло, во сиромаштија и сега сум тука. Благодарност до сите кои гласаа за мене, играчите, тренерите и навивачите. Ова е многу важно за мене. Сакам да останам во Реал многу долго. Ова е најголемиот клуб на светот“, изјави Вини.

Минатата сезона бразилскиот крилен напаѓач ја освои Ла Лига и Лигата на шампионите. На 39 настапи постигна 24 гола и додаде 11 асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани