Винисиус ја претерал, бара плата како некогаш Роналдо!

by 24 фудбал
1 минути читање

Според „The Athletic“ Винисиус Жуниор имал лудо барање до Реал Мадрид во преговорите за новиот договор. Веќе е јасно дека тој смета за себе дека е најдобар играч на светот, па поради тоа сака да биде и издвоен според платата.

Медиумот наведува дека бразилската ѕвезда побарала историски висок договор во рамките на најголемиот што некогаш бил исплатен во клубот. Во текстот се додава и дека Винисиус бара плата слична на онаа што ја имаше Кристијано Роналдо во своите најдобри години. Шпекулациите околу Реал веќе подолго време зборуваат дека односите меѓу играчот и Чаби Алонсо не се идеални и дека токму тие притисоци го турнале Бразилецот да побара услови што ќе го стават меѓу најплатените фудбалери во Европа.

Наводно во соблекувалната кружеле и информации дека Винисиус би поддржал промена на тренерската позиција. Иако клубот официјално ги демантира тие гласини, ситуацијата создава дополнителен притисок во период кога Реал се обидува да остане конкурентен на сите фронтови.

Останува да се види дали клубот ќе ги прифати барањата на Винисиус или ќе се соочи со една од најтешките одлуки во последната деценија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×