„Вини мора да тренира и да молчи, неговите голови ќе зборуваат за него“

by 24 фудбал
1 минути читање

Легендарниот лев бек на Реал Мадрид, Марсело, се појави како специјален гостин во подкастот Under The Goalposts кој го води Икер Касиљас. Во разговорот меѓу двајцата поранешни асови на кралскиот клуб се отвори темата за Винисиус Жуниор и неговата моментална ситуација во тимот.

Марсело му даде поддршка и совети на својот сонародник кој повторно е во центарот на вниманието поради шпекулациите за нарушени односи со тренерот Чаби Алонсо. Тој потсети дека беше дел од тимот кога Винисиус пристигна во Мадрид како тинејџер.

Кога пристигна, беше 18 годишно дете, исто како мене. Имаше свои проблеми и многу работи за подобрување. Во моментов, неговата интелигенција и брзина на додавања се неоспорни. Што се случува надвор од теренот? Јас не сум личноста што треба да дава совети. Кога си во Реал Мадрид, си во центарот на вниманието, сите сме биле таму. Ситуацијата со Винисиус е малку поинтензивна. Разговорот со луѓе, тренери… Тоа е проблем за себе самиот. Мислам дека треба да молчи, да тренира, да игра, да постигнува голови и да ги остави тие да зборуваат. Да остане смирен, што го прави токму сега“, изјави Марсело.

По бурните реакции по Ел Класико против Барселона, Винисиус во последните денови се воздржува од јавни пораки. Но ситуацијата во соблекувалната може повторно да се вжешти ако Чаби Алонсо реши да го остави на клупата и на следниот меч.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×