Вини има шанса да добие една милијарда евра, но делува дека сака да остане во Реал!

by 24 фудбал
1 минути читање

Ситуацијата на Винисиус Жуниор во Реал Мадрид е „жешка“ тема во шпанските медиуми, иако Бразилецот има важечки договор со клубот до 2027 година. И покрај најавите за напредок во разговорите околу продолжување на соработката, интересот од странство не стивнува, а еден од клубовите подготвува договор со вкупна вредност која достигнува и до една милијарда евра.

По одличниот настап против Монако, каде беше прогласен за играч на натпреварот, како и признанието од УЕФА за најдобар фудбалер во седмото коло од Лигата на шампионите со еден гол и две асистенции, Винисиус отворено зборуваше за својот статус и чувствата во Реал Мадрид.

Не се чувствував удобно затоа што секогаш кога ќе погрешев, ме исвиркуваа. Имаат право на тоа затоа што плаќаат многу скап билет за да уживаат во фудбалот. Знам колку далеку можам да одам. Тука сум да се развивам и да правам сè за овој тим и за овој клуб. Му верувам на претседателот, сакам да останам тука долго време. Кога ќе дојде вистинскиот момент, ќе решиме сè“, рече Винисиус Жуниор.

Изјавата на Бразилецот јасно покажува дека неговата желба е да продолжи на „Сантијаго Бернабеу“, но конечната одлука ќе зависи од развојот на преговорите и притисокот од богатите понуди кои пристигнуваат надвор од Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×