Вилшер за моментот кога знаел дека Арсенал има ново „чудо од дете“: Никогаш не сум видел нешто такво!

by bojan
1 минути читање

Поранешниот фудбалер на Арсенал, Џек Вилшер раскажа една анегдота од времето во академијата на „топчиите“ и моментот кога му светнало дека Макс Доуман е новото „чудо од дете“.

На подготовките за новата сезона, Микел Артета често знаеше шанса да му даде на 15 годишниот Макс Доуман, а младото момче со своите потези покажа дека располага со раскошен талент и го чека блескава кариера доколку се оди според планот – тој веќе испиша историја и стана најмладиот играч кој настапил во Лигата на шампиони.

Поранешниот фудбалер на Арсенал, Џек Вилшир сега раскажа една анегдотата од времето во академијата на „топчиите“, и како уште пред неколку години му станало јасно дека клубот од Северен Лондон има ново „чудо од дете“.

„Беше дел од У18 тимот и покрај тоа што имаше само 13 години. Игравме против Саутемптон, навистина добар млад тим. Имавме водство од 2-0, па им реков на помошниците, „Ајде да го пуштиме Макс““ – раскажува Џек Вилшер.

„Стоев покрај него, а тој уште тогаш беше повисок од мене! Му реков, „Макс, не заборавај дека играш против фудбалери кои се и по 5 години постари од тебе. Не е ништо страшно, но гледај да не влегуваш во дуели, играј повеќе на пас““.

„Тој истрча на теренот и прво што направи, издрибла тројца противници, нафрли и ние постигнавме гол“.

„Само се погледнавме со помошниците, искрено никогаш не сум видел нешто такво!“

ФОТО: X/Arsenal

Можно е и ова да ти се допаѓа

×