Вилшер сака да игра, ќе му даде ли шанса Арсенал?

by
1 минути читање

Џек Вилшер важеше за голем талент, но неговата кариера се движеше во надолна линија, не ги оствари очекувањата. Во моментов е без клуб, тренира со Арсенал и ги собира тренерските значки.

Сепак вели дека се уште сака да игра фудбал, а со тренерска работа ќе се занимава подоцна во животот.

„Не сакам да бидам тренер уште сега, можеби во иднина. Во моментов ги поминувам тренерските курсеви и помагам во тренинзите на некои од играчите во академијата. Уживам во тоа и ќе размислам за во иднина, но во моментов сакам уште да играм“, вели Вилшер.

„Можам уште многу да дадам и затоа не сакам да сопрам сега и да станам тренер. Во Арсенал ќе бидам до јануари. Засега немам вести за заинтересиранаи клубови, но се надевам дека нешто ќе излезе“.

Вилшер се труди да импресионира на тренинзите на Арсенал, но тешко е за верување дека клубот ќе му даде шанса и да заигра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани