165
Арсенал дојде до почетно
водство против Челси во 63. минута од градското дерби во Лондон во рамките на
редовното коло од англиската Премиерлига.
Стрелец на водечкиот гол
за домаќините беше Џек Вилшер кој распали со еден разорен удар, неодбранливо
дури и за Куртоа кој имаше блескави интервенции претходно во неколку ситуации.
Сепак, само четири
минути траеше радоста на домаќините откако Азар од пенал израмни на 1-1. Пеналот дојде по контактот кој го имаше Белгиецот со Белјерин во казнениот простор на Арсенал.