Вест Хем дојде до потписот на Џек Вилшер кој како слободен играч стави потпис на тригодишен договор со „чеканите“.
„Вест Хем со задоволство може да потврди дека потпиша тригодишен договор со Џек Вилшер“, стои во соопштението.
Вилшер беше дете на Арсенал во кој помина дури 17 години. Но со доаѓањето на Унаи Емери му беше кажано дека не му е загарантирано местото во стартниот состав по што тој се одлучи на промена.
„Се чувствувам добро, се чувствувам посебно. Многу луѓе знаат дека имав посебен однос кон овој клуб. Луѓето ќе видат слии од мене во дрес на Вест Хем и имам многу спомени од детството како фан на овој луб, ги гледав на Аптон Парк. Мојата фамилија и неои мои пријатели се навивачи на Вест Хем, па ова е посебен трансфер за мене“, вели Вилшер.