Фудбалерот на
„Топчиите“ вчера збесна на натпреварот помеѓу резервите на Арсенал и
Манчестер Сити откако врз него остро стартуваше противнички играч.
Џек Вилшер се
опоравува по фрактура на ногата па ги загуби нервите и го турна на земја 17
годишниот Метју Смит, по што настана голема мешаница.
Потоа тој се фати
за гуша со уште 17 годишен играч, Тајрек Вилсон, па двајцата беа исклучени.
Додека го
напушташе теренот, Џек Вилшер му порача на противникот дека отпослем
дополнително ќе ги расчистат сметките.
Тој остана
доследен на зборот и сега ново видео покажува дека Џек Вилшер го нападнал Тајрек
Вилсон кога двајцата влегоа во тунелот кон соблекувалните. Сепак снимката е
аматерска и прилично е нејасно што точно се случува.