Вилијам тврди
дека неговата желба е да продолжи во Челси, и покрај тоа што барем досега, се
уште не добил понуда за продолжување на соработката од самиот клуб, барем така
се верува на Островот.
Бразилецот ја
игра својата седма сезона во дресот на Премиерлигашот, а неговиот актуелен
договор со клубот истекува во јуни идната година, 32 годишниот офанзивец
посакува да остане, па сигурно е во исчекување на преговори.
„Среќен сум тука,
се чувствувам среќно кога играм за овој клуб, меѓутоа ситуацијата не е во мои
раце, туку во нивни, ги чекам, тие точно знаат што посакувам, јас сум во
исчекување“ рече Вилијан.
Шефот на
стручниот штаб на Челси, Френк Лампард отворено им порача на челниците на
клубот дека Вилијан му е потребен, а искусниот фудбалер нема намера ниту да
преговара со заинтересирани екипи.
„Не сакам да
преговарам со други клубови бидејќи имам договор со Челси до крајот на
актуелната сезона, фудбалер сум на Челси, сакам само да посочам дека во клубот
точно знаат што посакувам“ додаде Бразилецот.