Вилијан преговара со Ливерпул?!

by
1 минути читање

Шпански „Спорт“
известува дека офанзивецот на Челси, Вилијан е во преговори со Ливерпул околу
можна преселба во редовите на европскиот првак, а тоа би можело да се случи
уште ова лето.

Весникот наведува
дека со оглед на големиот интерес на Челси за ангажман на Филипе Кутињо,
неговиот сонародник Вилијан би можел да си замине во евентуално такво сценарио,
но, и покрај тоа, мошне мали се шансите искусниот Бразилец да остане на „Стемфорд
Бриџ“ и идната сезона.

„Спорт“ тврди
дека Вилијан, за кого интерес постои од Арсенал и Тотнем, преговара со
европскиот првак Ливерпул, клуб кој е на прагот до првата титула во „Премиерлигата“
по пауза од цели 18 години.

Иствовремено,
весникот додава дека преговорите течат во позитивна насока, а одат во полза на
31 годишниот Вилијан, а оваа вест на Островот наиде на изненадување кај
пошироката јавност.

Вилијан досега одигра
226 натпревари во дресот на Челси, клуб за кого настапува од 2013. година па
наваму, а зад своето име запиша 33 погодоци за Премиерлигашот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×