Вилијан одговори на гласините кои го поврзуваат со Манчестер јунајтед

by
0 минути читање

Во сезоната во која Мурињо доби отказ од Челси, Вилијан беше убедливо најдобриот играч на тимот, но откако на клупата седна Конте за него работите се променија.

Поради таквиот негов статус почна да се шпекулира дека тој би можел да направи трансфер во Манчестер јунајтед, но Вилијан демантира.

„Мојата иднина е тука, во Челси. Имам договор до 2020 година и среќен сум“ – вели Вилијан.

„Знам дека некои играчи сакаат секогаш да играат, но разбирам зошто не играм толку“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани