Вилијан никако да пронајде заеднички јазик со Челси, едно барање на Бразилецот ги кочи преговорите

by
1 минути читање

Вилијан преговара
со Челси за продолжување на соработката со клубот, соработка која може да
згасне на лето, кога истекува важечкиот договор на 31 годишниот Бразилец со
Премиерлигашот.

Самиот фудбалер
во изјава по синоќешниот меч во осминафиналето од Лигата на шампионите посочи
дека засега една причина ги оддалечува обете страни за продолжување на
соработката.

Челси ми понуди
двегодишен договор, а тие нема ништо да променат од тоа што ми го понудија

вели Вилијан во изјава за „Еспорте Интеративо“ по мечот против Баерн Минхен во
кој Челси пред своја публика загуби со убедливи 0-3.

Јас посочив дека
сакам тригодишен  договор, ситуацијата е
комплицирана токму поради ова барање, навистина не знам колку сево ова е
остварливо
“ додаде тој.

Мојата цел е да
продолжам со работа и да се фокусирам на преостанатиот дел од сезоната, со тоа
што Челси посакувам да продолжи со победи на натпреварите во остатокот од
сезоната
“ заклучи бразилскиот офанзивец.

Нешто повеќе за ситуацијата со Вилијан во Челси, ќе потсетиме дека шефот на стручниот штаб на Премиерлигашот, Френк Лампард претходно јавно побара од клубот да се договори со Бразилецот, наведувајќи дека тој е доста важен дел од тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×