Вилијан по секоја
цена сака да остане во Челзи и следната сезона, во изјава за англиските медиуми
тој порача дека ќе ги одбие сите понуди кои ќе пристигнат на негова адреса,
притоа откри и зошто има голема желба да остане во клубот.
„Секако дека
останувам во Челзи и следната сезона, имам договор со клубот до 2020 година,
премногу сум среќен овде, имам одлична соработка со луѓето во клубот, посебно
со навивачите. Зошто останувам? Сакам со Челзи да ја освојам Лигата на
шампионите, тоа е мојата цел за следната сезона“ откри Бразилецот.
Вилијан пристигна
во Челзи од рускиот тим Анжи пред четири години за сума од 35 милиони евра, сезонава
за овогодинешниот шампион на Англија, 28 годишниот фудбалер на 34 натпревари
постигна 8 погодоци.
Утре се игра финалната
пресметка од англискиот ФА Куп, каде Челзи ќе ги одмери силите со Арсенал, што
е уште една можност за Вилијан Конте да стигне до нов трофеј сезонава.