Поранешниот фудбалер на Арсенал, Вилијам Гала смета дека „топчиите“ мора да донесат напаѓач кој може да постигне 20 погодоци во сезона за да имаат шанси да ја освојат титулата во Премиерлигата.
Изминативе две сезони, Арсенал водеше големи битки со Манчестер Сити за титулата во Премиерлигата и „топчиите“ во двата наврати беа кратки.
Вилијам Гала смета дека клубот од Северен Лондон може до тронот, но за да ја оствари оваа цел, Микел Артета мора да донесе напаѓач кој може да постигне 20 погодоци во сезона.
„Нема потреба од трансфер на Микел Мерино, веќе го имаат Деклан Рајс на таа поцизија. Не им е потребен уште еден фудбалер од средниот ред, потребен им е напаѓач“ – вели Вилијам Гала.
„Стојам на мојата прогноза дека Арсенал ќе ја освои титулата, но им е потребен топ напаѓач, кој ќе може да постигне 20 погодоци во Премиерлигата“.
„Манчестер Сити беше шампион бидејќи го имаат Ерлинг Халанд, морате во тимот да имате такви играчи“.
„Габриел Жесус често е повреден, и нема континуитет во париите. Не сум убеден ниту од изданијата на Хаверц, постигнува голови но многу беа удари од белата точка“.
„Микел Артета најдобро знае што се случува на тренинзите, но Жесус не ми изгледа на напаѓач кој може да постигне 20 погодоци во сезона. Не успеа да го стори тоа во Манчестер Сити, и до сега не успеа да го стори тоа во Арсенал“.
Минатата сезона, Хаверц и Жесус заедно постигнаа 22 погодоци во сите натпреварувања, додека пак Ерлинг Халанд сам постигна 38 погодоци, од кои 27 беа во Премиерлигата.