Вилфред Заха остана еден во низата нецелосно искористените таленти, а сега на 32-годишна возраст заминува од Европа.
Крилниот фудбалер со потекло од Брегот на Слоновата Коска ќе заигра во МЛС лигата, каде што потпиша договор за едногодишна позајмица во редовите на Шарлот. Заха е член на Галатасарај од 2023 година, имаше една позајмица во Лион, а овој јануари се врати во Турција.
Сепак, бидејќи не беше во плановите на тренерот на Галатасарај замина на уште една позајмица, овојпат во САД.
Во кариерата Вилфред Заха преку младинските категории на Кристал Палас направи трансфер во Манчестер Јунајтед многу млад за 12 милиони евра. Не се наметна во таборот на „црвените ѓаволи“ и со само четири одиграни натпревари замина назад во Кристал Палас. Во овој клуб блескаше од 2018 до 2023 година, вкупно забележа 458 натпревари, постигна 90 гола и забележа 52 асистенции.