Претседателот на Порто, Андре Вилаш Боаш му се заблагодари на Атлетико Мадрид што во тајност ги чувал преговорите за трансферот на Саму Омородион, кој се пресели на Драгао за само 15 милиони евра.
Саму Омородион минатото лето беше инволвиран во една чудна трансфер сага, беше пред потпис со Челси во зделка вредна 40+ милиони евра, ги помина и редовните лекарски прегледи, но во последен миг „сините“ се повлекоа.
Пред крајот на преодниот рок, напаѓчот заврши во Порто и тоа за само 15 милиони евра.
Претседателот на Порто, Андре Вилаш Боаш сега му се заблагодари на Атлетико Мадрид што во јаност ги чувале преоворите за овој трансфер.
„Ова беше специјална зделка бидејќи Порто и Атлетико ја држеа во тајност. За среќа Фабрицио Романо не знаеше ништо за овој трансфер, инаку никогаш немаше да го реализираме! Сакам да му се заблагодарам на Атлетико за молкот и почитта што ја покажаа, зделката беше договорена за само една недела“ – вели првиот човек на Порто.
На ова раегираше и самиот Фабрицио Романо, новинарот кој најчесто ги има сите инсајдерски информации од трансфер пазарот: „Фантастична зделка, се појави од никаде!“