Виктор Ѓокереш се најде во центарот на вниманието, меѓутоа во негативна конотација. Швеѓанецот кој настапува за Арсенал беше споменат на подкаст од страна на девојка која снима содржина за возрасни на „ОнлиФанс“.
Софи Рејн привлече огромно внимание со своето последно гостување на подкаст, каде откри дека заработила повеќе од 100 милиони долари за само една година. Сепак, најголемата бура ја предизвика кога го спомена Виктор Ѓокереш, тврдејќи дека шведскиот напаѓач е еден од нејзините најголеми фанови.
Според нејзините зборови, фудбалерот потрошил околу 4.5 милиони долари на нејзината содржина. „Тој е меѓу моите најголеми фанови“, изјави Рејн.
Sophie Rain reveals that her biggest subscriber, who has spent over 4.5 million dollars, would be the SWEDISH FOOTBALLER GYÖKERES 👀🤯🇸🇪