Превирања во
Милан, Звонимир Бобан посочи дека генералниот извршен директор на Милан, Иван
Газидис работел зад грб, односно дејствувал да го донесе Ралф Рангник како нов тренер и спортски
директор без притоа да се консултира со него и Паоло Малдини.
Во Италија големи
се очекувањата Бобан да добие отказ поради своите критики во јавноста, а
извесно е дека сево ова ќе донесе одредени турбуленции во клубот од Милано, а
оваа ситуација ја коментираше и Кристијан Виери.
„Газидис стори
нешто што јас го сметам за кукавичко, Бобан не е марионетка, тој има карактер и
личност зад себе, тоа што посакува да го каже, го прави јавно, во лице, тој
кажа тоа што имаше да го каже“ рече легендарниот напаѓач Виери во „ТикиТака“.
„Газидис нема
ништо со работите од технички аспект, тој има други обврски во клубот, таму се
Малдини и Звонимир во техничкиот дел, доколку некој е кукавица, нормално е за
другиот да не биде тивок“ додава тој.