Интер со 2-0 го доби дербито против Милан и уште еднаш го надигра лутиот градски ривал.
„Немаше натпревар меѓу екипите. Видовме одлични перформанси на Интер, но по лошиот меч во Лигата на шампионите тоа и се очекуваше“, вели Виери.
„Јасно беше дека тие ќе излезат со голем интензитет, агресија, пресинг и желба за победа“.
„Милан речиси и да не направи ништо, тие ја имаа само таа шанса на Сусо. Доколку не беше Донарума, Интер можеше да победи со 5-6 гола“.
„Лукаку постигна убав гол, прекрасен. Конте го сакаше него по секоја цена и беше во право“.
„Сите очекуваа центаршут, но наместо тоа Сенси се одлучи да му ја даде таа топка на Брозовиќ кој постигна гол од неговиот шут“.
„Фановите се луди, по мечот од Лигата на шампионите сакаа сите играчи да си одат. Три дена подоцна тие повторно се најдобрите“.