Поранешниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, Немања Видиќ би можел да се врати во улога на тренер на тимот до 23 години на Манчестер јунајтед.
Видиќ се пензионираше во јануари 2016 за време на својата втора сезона во Интер, каде отиде по девет години поминати на Олд Трафорд.
Тој важи за едно од најдобрите засилување во ерата на Сер Алекс Фергусон. Немања Видиќ со Манчестер јунајтед пет пати ја освои Премиерлигата и еднаш триумфираше во Лигата на шампионите.
Информациите за негово враќање во Манчестер јунајтед доаѓаат од српскиот новинар Небојша Марковиќ, кој тврди дека кумот на Видиќ, Ненад Лалатовиќ му кажал за понудата.
„Видиќ живее во Милано и во моментов ја разгледува идејата да биде тренер, но уште не е сигурен. Тој веќе има понуда да го води Манчестер јунајтед Б“, кажал Лалатовиќ.