210
Иако видео технологијата веќе почна експериментално да се користи на некои помали натпревари, синоќа за прв пат беше искористена на меч помеѓу две големи репрезентации како Франција и Шпанија.
Гледачите можеа да видат две клучни ситуации кои беа решени со помош на технологијата.
Антоан Гризман се израдува на погодок, кој по асистенција на судијата задолжен за видео технологија беше поништен поради офсајд.
Спортивна ситуација имаше селекцијата на Шпанија, Делофеу постигна гол, најпрво беше покажан офсајд, но по асистенција од видео технологијата голот беше признаен.